Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
Премиерот Мицкоски го повика државниот обвинител сам да си поднесе оставка.. Вели, Коцевски имаше доволно време да се покаже во својата работа, но не ја оправда довербата.. Мицкоски не ги коментираше тврдењата на Коцевски за назначувањето шеф на вишото обвинителство во Скопје, па го повика Коцевски наместо низ постапка за разрешување, тој сам да ја напушти функцијата..
„Него повеќе неби го коментирал. Јасно кажа владата. Имаше тој доволно можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал. Но, очигледно дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина. Мислам дека имаше доволно време да покаже. За жал таа доверба не ја оправда и сега владата отпочнува еден процес. Денеска бев во Собранието. Тој процес ќе започне во параламентот и таму ќе заврши. Мислам дека чесно и доблесно од него би било самиот да се повлече. Да го скратиме овој период, да можеме да избереме обвинител кој бескомпромисен борец ќе биде против криминалот и корупцијата во Македонија“, изјави Христијан Мицкоски, Премиер.
Владата вчера објави дека ќе поведе постапка за разрешување на Коцевски заради лошиот извештај на Транспарентност но и како што рекоа незаконското именување шеф на Вишото обвинителство..
Денеска, дд советот на обвинители кој по предлог на државниот обвнител назначи нов шеф на Вишото скопско обвинителство, тврдат дека изборот е законски.. Против Хајрулафи и неговиот заменик се воделе дисциплински постапки, а биле и оддалечени од работните места, па ниту еден од нив немал право да изготви распоред за работа на обвинителството..
„Законска основа има за носење на таквата одлука. Тоа обвинителство мора да има јавен обвинител кој ќе го раководи. Мора да има потписник. Годишниот распоред за работа го носи јавниот обвнител кој што раководи со тоа јавно обвинителство. Вишиот јавен обвинител кој што го имаше донесено распоредот на работа, беше со важност до 31.12.2024 година.
–Сакате да кажете дека од почетокот на 2025 таму нема ни заменик?
– Од почетокот на годината, нема ниту заменик“, изјави Душица Димитриеска, Претседател на Совет на јавни обвинители.
Коцевски пак смета дека Владата ги немала сите релеванти и точни податоци пред да предложи постапка за негово разрешување.. Вели, не назначиле вршител на должноста, туку, времен раководител.. Коцевски тврди дека обвинителот Цветановски немал право да прави распоред за работа, бидејќи повеќе ниту тој не бил заменик на Хајрулахи..
„Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во моент кога истиот немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство, што значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство“, објави синоќа државниот обвинител Коцевски.
Предлогот за разрешување на Коцевски веќе се пишува во Министерството за правда и најдоцна до утре ќе биде испратен до Владата.. Потоа, за докуменот треба да се изјасни Советот на јавни обвинители.. За предложеното разрешување на Коцевски, во рок од најмногу еден месец треба да даде позитивно или негативно мислење и одлуката да ја прати до Владата.. Од советот велат, ќе ги почитуваат предвидените рокови..
Последниот збор ќе го има Собранието.. Најмалку 61 пратеник одлучуваат за прифаќање или отфрлање на предлогот за разрешување на државниот обвинител..
Според законот за јавното обвинителство, државен обвинител се разрешува пред истек на мандатот во случаи на тешки дициплински повреди, или ако е член на политичка партија.. Во делот дисциплински повреди, законот навел повеќе ситуации, меѓу кои, „ако намерно и неоправдано направи крупна професионална грешка, при што различното толкување на правото и фактите не може да претставува основ за утврдување одговорност на јавниот обвинител“..
Пред точно една година Собранието го избра Коцевски за прв човек на јавното обвинителство..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар