Балкан
5. October 2016 - 21:24

Турција: По обидот за преврат 3.456 судии и обвинители се отстранети од должност

Во рамките на кампањата на турските власти за прочистување на државните институции од приврзаниците на Ѓулен, од обидот за преврат, досега 3.456 судии и обвинители се отстранети од должност, јави турската телевизија „Си-Ен-Ен Турк“. 

Во оваа бројка спаѓаат и 66-те судии и обвинители, за кои Врховниот совет на судии и обвинители одлучи засекогаш да ги загубат овластувањата за нивната професија, откако беа привремено отстранети. 

Претходно, Советот, на 24 август донесе одлука за отпуштање на 2.847 судии и обвинители и на 2 септември беа отстранети од должност уште 543 од нив, потсетува телевизијата.