Тројца мигранти од Сирија повредени во сообраќајка
На 03.10.2023 околу 14.45 часот на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ, при извршување на полициски активности, во близина на две напуштени патнички возила, „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки и „форд“ со скопски регистарски ознаки, кои претходно учествувале во сообраќајна незгода, биле пронајдени три лица илегални мигранти од Сирија со повреди од сообраќајната незгода.
На лицата по што им била укажана лекарска помош од Итната медицинска помош Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија за понатамошна постапка. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек