Македонија
31. May 2016 - 8:47

Трибина за творештвото на турската писателка Асли Е. Перкер

Трибина за творештвото на турската современа писателка Асли Е. Перкер денеска ќе се одржи во Турскиот културен центар Јунус Емре-Скопје. 

Неколку дела од Перкер се преведени на македонски јазик, меѓу кои и „Рецепт за осамени срца“ и „Гробот на Џелатот“. 

Романот „Гробот на Џелатот“ е објавен во 2007 година и е преведен на 30 јазици во светот. Делото е меѓу најпопуларни психолошки романи во Турција. 

Читателите ќе имаат можност да добијат подарок книга  и автограм од писателот.