Македонија
20. February 2025 - 16:34

Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител

За името на следниот републички обвинител се уште не се разговара во владината коалиција, но се крои неговиот профил, тврди вицепремиерот Меџити. Вели било важно да биле професионалец кој ќе ја врати довербата во правосудството. Доколку Министерството за правда го заврши предлогот за разрешување на Коцевски, документот ќе се најде на дневен ред на владината седница во вторник. 

Според постапката, доколку одлуката за разрешување на Коцевски помине на владината седница во вторник, таа веднаш ќе биде препратена до Советот на јавните обвинители. Таму пак колегите на актуелниот републички обвинител за најмногу 30 дена, треба да да дадат свое мислење, по што предлогот ќе се достави до Собранието. За разрешување на Коцевски ќе биде потребно мнозинство од 61 пратеник.

Партиите пак ја продолжија на низата на меѓусебни обвинувања за состојбата во судството. Партијата на власт и денеска повика на одговорност од Коцевски – судството е заробено од СДСМ и ДУИ.  

За опозицијата смената на Коцевски и членовите на Судски не значат и спроведување на реформите, туку партизација и обид за упад во институциите.

Коцевски веќе се изјасни дека не сторил дисциплински прекршок, но доколку биде утврдена повреда, најави дека сам ќе се повлечел од позицијата.