Македонија
20. February 2025 - 16:31

Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!

Грипот се уште е сериозна закана за постарите лица и децата. Иако има благо намалување на бројките, вирусот ги полни и амбулантите и болничките соби. Минатата недела Институот за јавно здравје регистрирал 2726 случаи од кои најмногу се во Скопје, Битола, Струмица и Штип. 

-Оваа недела и минатата недела има намалување во споредба со неделата претходно. Меѓутоа, во спроедба со истата недела минатата година имаме дтрастично зголемувањ ена бројот, односно, оваа сезона има многу повеќе заболени од грип во споредба со минатата недела, вели Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.

Лекарите како што велат, не ги плаши многу статистиката колку што е експлозијата на симптомите. Многу болни се жалат на тешка клиничка слика што трае и повеќе од една недела, додека, пак, оние со хронични заболувања завршуваат во болница поради компликации од вирусот. Како превенција од грипот, има забрана за посета во здравствени установи и носење на маски кога се оди на доктор.

-Да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура. Често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство.  Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат.  Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи, вели Андоновска. 

Оваа сезона бројот на случаи на грип достигна до 14 340 болни.