МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
Образование и СОНК во завршна фаза на подготвување на нов Колективен договор. Иако планот беше Колективниот договор да биде потпишан денеска, потпишувањето ќе доцни две или три недели бидејќи двете страни се согласни дека потребно е да се дојде до квалитетен договор.
Првиот човек на Синдикатот не ги откри барањата на СОНК, но вели дека очекува со Колективниот договор да добијат финансиски привилегии.
-Ние како Синдикат очекуваме многу повеќе привилегии за нашите членови кои не се опфатени со соодветен Закон или некој друг колективен договор, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.
Министерката Јаневска, пак, вели дека контурите на Договорот веќе се завршени, а останува да се договорат уште неколку точки.
- Станува збор за покачување за дел од Класното раководство, размислуваме за плаќање на пат на одредени наставници кои работат подалеку од училиштето и треба да вложат повеќе труд. За некои други погодности кои ќе ги имаат членовите на СОНК, вели Јаневска.
Просветните работници од 2008 година го чекаат Колективниот договор. Во минатото имаше неколку обиди да се потпише, но сите обиди беа неуспешни.
Јаневска најави и дека, надвор од него, наставниците и професорите во април ќе добијат за 7% повисоки плати за март.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар