Трамп од најголемите светски фармацевтски компании побара да го забрзаат развојот на вакцината против коронавирусот
Американскиот претседател Доналд Трамп се состана со директорите на 10-те најголеми светски фармацевтски компании и од нив побара да го забрзаат развојот на вакцината и да пронајдат делотворни третмани против коронавирусот.
Во меѓувреме, бројот на случаите на заразени и умрени во САД и натаму се зголемува, откако во американската сојузна држава Вашингтон починаа девет лица.
-Поверојатно е дека терапиите ќе бидат достапни пред вакцината да биде подготвена и се трудиме сите делотворни третмани да ги изнесеме на пазарот што е можно побрзо, рече Трамп по состанокот со директорите на фармацевтските компании.
Тој вети дека ќе се намали бирократската процедура за компаниите кои работат на изработката на третманите. Тој, меѓутоа, не понуди финансиска помош, пренесува Гласот на Америка.
-Ги познавам компаниите многу добро. Некои од нив се толку богати што мислам дека всушност тие треба да и позајмат пари на федералната влада, рече Трамп.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат