Трамп: Мигрантите се третираат подобро од американските воени ветерани
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека „илегалните мигранти во САД се подобро згрижени од воените ветерани“.
- Ние (републиканците) нема да дозволиме тоа и натаму да се случува, изјави Трамп, но, како што јавија американските медиуми, тој не понудил никаков доказ, ниту објаснување за ваквото тврдење.
Минатата година, по една ваква неаргументирана изјава, Трамп предизвика бранување меѓу републиканците и кај домашната јавност, кога јавно ја критикуваше воената кариера на сенаторот Џон Меккејн, кој е поранешен воен заробеник.
Во таа прилика, Трамп го обвини Меккејн дека единствената работа поради која се третира како воен херој е тоа што бил заробен од Виетнамците, во текот на Виетнамската војна.
Трамп никогаш не служел војска и не бил војник, но сепак порача дека повеќе ги сака оние кои не дозволуваат да бидат заробени.
Од тогаш, њујоршкиот милијардер се обидува да ја поправи ситуацијата и повеќе го нема отворано прашањето на ветераните и на поранешните војници.
Овој пат зборувал пред група ветерани, кои иако не ги одобруваат неговите ставови за поранешните војници, сепак некои од нив го поддржуваат Трамп. Во изјави за американските медиуми тие имаат речено дека стојат зад Трамп затоа што тој „никогаш досега не бил политичар“.
Изјавата за ветераните и мигрантите во САД, доаѓа пред прајмери изборите во Калифорнија, предвидени за 7 јуни.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите