Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Геjц се повлече
– Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја номинираше ветеранската обвинителка Пем Бонди за нов јавен обвинител, неколку часа откако Мет Гец се повлече од можен кандидат.
Бонди има долгогодишно искуство во спроведувањето на законот и претходно служеше како јавен обвинител на Флорида, јавија американските медиуми.
Долгогодишниот сојузник на Трамп, Бонди беше дел од неговиот правен тим за време на неговото прво судење за импичмент во Сенатот, а исто така јавно го поддржа појавувајќи се на суд за време на неговото судење за давање мито во Њујорк.
– Пем беше обвинителка скоро 20 години, беше многу строга кон насилните криминалци и ги направи улиците безбедни за семејствата од Флорида, рече Трамп во објава на социјалните мрежи сооштувајќи го својот избор.
Бонди е блиска со Трамп од неговата кампања во 2016 година, а пред гласачите на неодамнешниот митинг на Трамп рече дека го смета за „пријател“.
Ново на Сител
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски