Македонија
10. January 2024 - 12:25
Традиционален карневал во Куратица
Се е подготвено за јубилејното 25то издание на Курајчкиот карневал.Традиционалниот дел започнува на 13 ти пред василичарскиот оган , поворката со зетот невестата бајачот носачите и групата тргнуваа во посета на секое домакинство се до раните утрински часови,а следниот ден е главната манифестација во комбинација со маски и музика.
Маските кои се инспирирани од секојдневниот живот секоја различна и уникатна не се откриваат овој карневал во селото Куратица од година во година привлекува се повеќе туристи.
Со денови животот во ова село пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има дваесет и пет годишна традиција.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->