Македонија
18. December 2024 - 16:32

Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата

„Не е моја надлежност“. За да прекине институционалната пинг-понг пракса префрлања на надлежности, за тоа кој треба да казнува за загадениот воздух, ќе се формира Централизирано тело кое ќе ги контролира сите индустриски капацитети на државата. Кој нема филтри, ќе мора да плати казна. 

И додека чистиот воздух е луксуз за граѓаните, нема ниту доволно инспектори за животна средина. Но, вицепремиерот е дециден дека се работи на терен и со капацитетите со кои располагаме. Веќе биле испишани и првите казни за загадувачите.

Бидејќи сакаме во ЕУ, воздухот мораше да влезе меѓу владините приритети. Светска банка која е главен партнер за напредрок во борбата со воздухот, соопшти дека 2,800 граѓани секоја година умираат од загадениот воздух, а цени и дека економските трошоци од штетите по здравјето изнесуваат 1,7 милијарди долари годишно. 

Секоја зима во Скопје ситуацијата со загадениот воздух  е најлоша, а веднаш зад него е Тетово. Анализите на Светска банка покажуваат дека споредено со европсиот просек, во метрополата има осумпати поголемо присуство на ПМ 2,5 честичките, а во Тетово петпати повеќе. 

Голем број на домаќинства го користат огревното дрво како главен извор на загревање, особено во густо населените области. Се возат автомобили, коишто не се добро одржувани, а нема ниту соодветен јавен превоз. Сите овие, во анализите на властите се мапирани како топ три причинители зошто дишеме загаден воздух.