Македонија
2. January 2024 - 12:21

Тетовец си ја истепал сопругата

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (1 јануари), во 16 часот го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец З. Ј., кој претходно бил пријавен од 36-годишната сопруга дека во куќа во тетовско село, каде што престојувале, физички ја нападнал и ѝ се заканувал.

При лишувањето од З. Ј. била одземена ловечка пушка со 45 куршуми, сопственост на дедо му.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.