Македонија
20. January 2025 - 16:42

Денот на рибарите во Охрид

Охриѓани ја продолжија старата традиција, со зимско капење во Охридското езеро и греана ракија го одбележаа Денот на рибарите.

Токму на овој ден во минатото завршувала забраната за ловење на риба, и започнувала риболовната сезона. Охриѓани велат дека ова е празник за градот ден кој низ годините се прославуавал многу, со песна , ора и богати трпези, но се сеќаваат и на моменти кога истата била забранувана.

Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите на овој ден се капеле за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото. Велат порано имало многу повеќе риба.

Хроничарите на Охрид раскажуваат дека рибарите го избрале овој ден за свој, ден по Водици, за да можат да го фрлат крстот во утринските часови, зашто во времето на комунизмот тоа било забрането.

Манифестацијата кај месноста Сараиште на која присуствуваа голем број граѓани беше надополнета со културни и забавни содржини.