Македонија
20. January 2025 - 16:42

Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа

Законот за локална самоуправа мора да претрпи измени и дополнувања, преку активно вклучување на општините, експертите и граѓанскиот сектор, за да обезбеди поголема транспарентност и инклузивност. Законската рамка е стара повеќе од 20 години и бара модернизација и усогласување со актуелните потреби на граѓаните и можностите на општините.

- Три главни постулати се, првиот е референдумска можност за отповик на градоначалник, којшто несовесно постапува или оној којшто не ја извршува својата функција. Втората е да се воведе и во законот да се препознае комуналниот редар. Затоа што навистина имаме можеби мал број да се превенираат и тие девијантни појави, коишто ги имаме од граѓаните и третиот главен постулат којшто се однесува во насока на измените на Законот за локална самоуправа се поголема вклученост на граѓанскиот сектор, бидејќи на тој начин сметаме дека локалните самоуправи можат да носта поиздржани и поквалитетни решенија за граѓаните, изјави Златко Перински, Министер за локална самоуправа

Најважно е локалните самоуправи да работат во служба на граѓаните, а тие пак да се грижат за јавното добро и хигиената.

- Да го зацвстиме тој модел и да имаме почисти градови и општини, изјави Гордан Георгиев, член на експертска група

За подобрување на локалната инфраструктура, општините аплицирале за добивање на средства од унгарскиот кредит.

- Повеќе од 200 од вкупно 288 проекти што се контрактираа за да добијат средства од централниот Буџет, веќе се склучени договорите и ќе влезат во фаза на изведба. Само два од овие 288 договори ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми заради јавните набавки. Очекуваме со подобрување на временските услови, градежна и екномска експанзија на целата територија на Р. Македонија, додаде Перински

Перински очекува новиот повик да биде објавен на почетокот на февруари, а претходно во последната недела од јануари да помине на владина седница.