Балкан
16. April 2016 - 11:01

Тешко ранет познат кик-боксер во престрелка после концерт

Во престрелка која се случила вчеравечер во Нови Пазар, со сериозни повреди се здобил кик-боксерот Емир Хаџимујовиќ.
 
Тој е префрлен во болница каде е опериран, а според неофицијални информации на „информер“, после операцијата е префрлен во Крагуевац.
 
Според неофицијални информации на полицијата, Емир бил на концерт на Сако Полумента во некој објект, а половина час после концертот се случила престрлката во која е застрелан.
 
Хаџимујовиќ е повеќекратен српски шампион во кик-бокс, а повремено работел и како обезбедување на пејачки и политичари.