Терористичките напади во Париз може да стават крај на шенгенскиот систем
Економист - Лондон
Кога Холанѓанец со својот караван автомобил возеше кон Коста дел сол, единственото нешто кое го потсетуваше дека некогаш преминувал граници беа серијата смс-пораки кои го поздравуваа дека дошол во Белгија, Франција и Шпанија. Така беше пред мигрантската криза од ова лето и терористичките напади во Париз од 13 ноември. Сега над слободата човек да скита по 28-те држави во бесконечната Шенген зона која претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер ја нарече „единствениот по суштина симбол на европската интеграција“ се надвиснала најголемата закана откако е создаден Шенген.
Барањата за ограничување на патувањата без граници се засилија уште во август, откако Мароканецот Ајуб ел Хазани пренесе автоматска пушка преку две граници со возот Талис и нападна патници. Во септември, германскиот канцелар Ангела Меркел предупреди дека ако нема договор што да се прави со бегалците, овие барања ќе станат уште погласни. Огромниот број мигранти ко пристигнаа во Европа натера неколку држави, меѓу кои и Унгарија, Словенија, а подоцна и Германија и Австрија, привремено да воспостават контрола на границите. По нив Шведска, која дочекуваше по 10,000 новодојдени неделно, се приклучи кон тие држави на 12 ноември. Холанѓаните ги удвоија случајните проверки на својата гранична зона во септември. Соопштението од Данска дека ќе воведе електронски скенери за регистрациските броеви на сообраќајните таблички на автомобилите на граничните пунктови ги смени лимитите на шенгенската рамка.
Нападите во Париз ја сменија дебатата. По нив стана јасно дека терористите имаат силни врски во Белгија. Пежоата кои доаѓаат преку границата од Брисел изгледаат исто толку опасни за Франција како и авионите кои долетуваат од Дамаск. Додека истражните органи проверат од каде минале терористите и нивните оружја, со сигурност ќе бидат откриени уште внатреевропски врски и повеќе подробности за слабоста на Шенген.
По нападите во Париз, Франција брзо ја врати проверката на границите на главните пунктиви за премин. Шенгенскиот договор дозволува такви времени мерки за гарантирање на националната безбедност. Французите и така или поинаку планираа да го сторат тоа за време на конференцијата за климата на ОН во Париз, кој започнува на крајот на овој месец. Сега планираат нешто повеќе. На средбата на министрите за правосудство и внатрешни работи во Брисел на 20 ноември, Франција побара Европа да започне да собира лични податоци на луѓето кои патуваат во регионот, нешто кое го бара уште од нападите во Шарли ебдо, и за поболем обем на податоци со посредство на Шенгенскиот информациски систем - база на податоци за безбедност. Франција ќе бара и вистинска европска полициска служба која ќе ги обезбедува надворешните граници на Шенген. Претседателот Франсоа Оланд рече дека бара Европа со отворени граници, а не континент со „ѕидови и жичани огради“.
Но други не се согласни со ова, особено на исток. Унгарија веќе подигна скоро 160 километри ѕид по границата со Србија. Австрсија планира да подигне ограда на границата со Словенија. Словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека е исто така подготвен да гради огради (безбедноста на словаците „е повисок приоритет од правата на мигрантите“). По париските напади, министерот за европски прашања на Полска изјави дека договорот меѓу членките на ЕУ за прераспоредување на кандидатите за азил се смени. Предизборната кампања во Словачка се претвори во антиемигрантски натпревар во надвикување. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини миграцијата за убиствата во Париз. (Тој исто така рече дека миграцијата довела до повеќе насилства и закана за европската култура).
Во западна Европа, крајнодесните популисти си играат со стравовите на луѓето. Ништо не помогна за нивната кауза повеќе од (непотврдената) информација дека еден од вооруените напаѓачи во Париз влегол во Европа преку Грција, откако се преправил во сириски бегалец. Марин Лепен, која со месеци предупредува дка џихадистите се преправаат во бегалци, гприложи тоа кон својата теза. Матео Салвини од италијанската крајнодесна Северна лига ги повтори повиците за замрзнување на Шенген. Во социолошките истражувања направени по атентатите, 70 отсто од холанѓаните рекле дека границите треба да бидат затворени.
Стравот и омразата не се единствениот одговор. На 15 ноември германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, ги повика медиумите и јавноста да не ги поврзуваат нападите со бегалската дебата. Доминантната позиција во јавниот говор во Германија и во поголемиот дел од западна Европа е дека бегалците се жртви на теророт на Исламска држава, а не извршители. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, не посебно сакан, но неопходен сојузник на Меркел, рече на средбата на врвот на Г20 дека третирањето на бегалците како терористи е рамно на „неисполнување на хуманитарниот долг“. Ваѓна беше средбата на Ердоган со грчкиот премиер Алексис Ципрас на 18 ноември. Заедничката граница на двете држави е најпорозната во шенгенската периферија. Додека надворешните граници на зоната не бидат обезбедени, слободата на движењата внатре во зоната ќе биде во опасност.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит