Светот во солзи - почина малиот Алфи, неговата приказна допре до срцата на луѓето ширум светот
Детенцето Алфи Еванс почина утрово, кратко пред да наполни две години, пет дена откако му беа исклучени апаратите за одржување во живот, покрај желбите на родителите, после големата правна битка која ја водеа.
Алфи бил лечен во „Hey Childrens Hospital“ во Ливерпул, а беше причина за најголемата правна битка во последните неколку години во Велика Британија, драма која ја следеше цел свет.
- На нашето бебе му израснаа ангелски крила утрово во 2:30. Срцата ни се скршени. Ви благодариме на сите на поддршката, напишаа родителите.
Детето, кое беше приклучено на апарати, ги „запрепасти“ докторите дишејќи без помош на апаратите пред да почине, вели неговиот расплакан татко, Том Еванс.
21 годишниот Том кажа дека неговиот син не покажувал знаци на влошување на состојбата откако во понеделникот бил исклучен од апаратите.
Таткото седел покрај своето дете секоја секунда, секој ден, откако Алфи бил примен во болницата и го охрабрувал да живее уште месеци, години…
Смртта на Алфи следела неколку дена откако Том и Кејт, мајката на Алфи ја изгубија и последната битка со судиите, да го пуштат на лечење во Италија. Адвокатите кои ја претставувале болницата го убедиле судијата дека на детето му нема спас и дека нема доказ дека тоа може да се примени.
Том кажа дека Алфи, кој боледувал од неидентификувано заболување на мозокот, сам дишел во последните 9 часа од неговиот живот.
На фотографијата која родителите ја објавија на социјалните мрежи, напишаа „колку е неверојатен… без разлика што ќе се случи, докажа дека овие лекари не се во прави. Колку е убав…“
Приказната за малиот Алфи и неговата борба за живот допре до срцето на милиони луѓе ширум светот, а дури и папата Фрањо упати поддршка за болното момче.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит