Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“
До Студентски Отпор стигна информација дека надлежните ги заплениле сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев". Освен тоа им се заканиле дека ќе ги избркаат студентите кои не ги послушале нивните наредби. Го гледаме ова како агресивна и драконска мерка која не успева да ја реши основната причина за проблемот, информираат од Студентскиот отпор.
Оттаму посочуваат дека забраната за користење грејни, дел од антикризните мерки на Владата опстојуваше во текот на целата зима, а сега повторно на студентите им се ускратува правото на основно греење во постудените месеци.
-Сметаме дека ова е неприфатлива антикризна мерка и дека студентите не треба да бидат исклучени од основните потреби.Ги повикуваме властите да ги преиспитаат своите постапки и да ги исклучат студентите од антикризните мерки на Владата. Императив е потребите и благосостојбата на студентите да се земат предвид при сите одлуки што ги носат властите. Студентски Отпор ќе продолжи будно да ја следи состојбата и да се залага за правата на студентите во домовите, наведуваат во соопштението.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши