Струмичкиот театар по подолга пауза ќе настапи на Охридско лето
Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица по пауза од 13 години повторно ќе учествува со своја претстава на годинашново издание на Фестивалот „Охридско лето“.
Покрај учеството на овој наш реномиран фестивал, струмичките актери своите актерски достигнувања ќе ги претстават и на фестивалите „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Бит Фест“ во Битола, ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, „Денови на комедијата“ во Куманово и МФАД „Стоби“ во Велес“.
Струмичкиот театар конкурираше со четири претстави до ресорното Министерство за култура, кои ќе бидат финансирани од државата.
На репертоарот ќе се најдат следниве претстави: „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилјамс во режија на Драгана Таневска, „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел, „Забрането смеење“ од Миро Гавран, во режија на Игор Ивковиќ и „Петтиот чин-Лебедова песна во два гласа“ по текст на Љубомир Џурковиќ, во режија на Нико Горшич.
Во тековната година се планираат уште две претстави со сопствени средства и една за најмладите гледачи.
Потврдено е учеството на фестивали во Враца и Софија (Република Бугарија), а се преговара за учество и на неколку фестивали во Русија.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри