Македонија
28. November 2024 - 12:44

Владата се договори со банките

Владата денеска на прес конференција информираше дека е постигнат договор со банките за пласман на кредитите за стопанството кои Владата ги обезбеди со задолжувањето во Унгарија. 

Условите остануваат истите кои веќе ги објави премиерот. 1,95% камата, 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата со задолжително учество од 20%.