Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
Со пиштол и лажна експлозивна направа двајцата разбојници вчера успшеале да одземат околу 10.000 евра од вработени во продажен објект на градскиот стадион во Скопје. Но, крадците немале среќа во грабежот. На излегување од продавницата биле пресретнати од тројца припадници на Единицата за интервентна полиција. Разбојниците се обиделе да бегаат, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух и набргу успеале да ги совладаат и уапсат.
МВР против против двете лица ќе поднесе кривични пријави.
Синоќа во тој период околу 20.30 минути за време на разбојништвото во продажниот салон за бела техника освен вработени имало и повеќе протрошувачи за Блек фрајдеј.
Министерот Тошковски најави дека парично ќе бидат наградени припадниците на интервентната полиција кои успеале да ги совладаат и уапсат двајцата разбојници.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар