Македонија
30. November 2024 - 16:37

ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба

ДУИ бара одговорност од Тошковски по серијата приведувања за дивеењето на прославата на денот на албанското знаме. Од партијата сметаат дека полицијата предизвикала тензии со тоа што не им дозволувала на граѓаните да прославуваат. Побараа оставка и најавија постапка за интерпелација.
Министерот не е изненаден. Вели, најголемиот дел од приведените на социјалните мрежи имаат стотици фотографии со функционери на ДУИ.  Барањето на ДУИ го оцени како легитимно но срамно

И за премиерот барањето на ДУИ е легитимно но тој во него не може да најде логика

Никој не беше уапсен затоа што прославувал бидејќи сквернавење на туѓо знаме не може да биде прослава, рече денеска и владиниот потпретседател.  Инцидентите од четвртокот ги поврза со ДУИ

СДСМ веќе два дена бара оставка од Тошковски, а попладнево на прес конференција побара и лидерска средба

Премиерот вели дека во моментов не гледа причини за лидерска средба

Интерпелацијата која што ја најавува ДУИ ќе биде втора во рамките на новиот парламентарен состав. Првата пропадна откако мнозинството му изгласа доверба на собранискиот претседател Африм Гаши.