-->
-->
Струга 2015: Сесон и Динамо Букурешт во финалето
-->
Екипите на романскиот тим Динамо Букурешт и француски Сесон се финалисти на 43. Меѓународен ракометен турнир Струга 2015, откако синоќа Бенфика ја совлада екипата на Ел Замалек со 34:28 (19:17), што беше решавачки Французите да добијат можност да се борат за трофејот.
Со победата Бенфика, каде настапува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, се избори за дуел против Струмица во малото финале, кое ќе се игра вечер во 19:45 часот на ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга.
Натпреварот изобилуваше со многу пресврти во првото полувреме за на одмор да заминат со два позитива за Португалците. Во вториот дел од играта Бенфика имаше целосна контрола на резултатот и направи предност од шест гола 27:21, разлика која ја задржа до крај на натпреварот.
Во вториот дуел синоќа, Динамо Букурешт го совлада Бешикташ во директниот дуел за влез во финале 32:30, иако на полувреме губеше со 14:15. Во вториот дел Романците влегоа во серија од 6:1, кога го вратија водството и го задржаа до крај.
Финалето е закажано за 21:15, за трето место ќе се игра од 19:45, а мечот за 5-тото место меѓу Бешикташ и Ел Замалек е во 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај