Македонија
26. April 2016 - 13:11

Страшна несреќа во Штип - Жена во кома донесена во болница

Страшна несреќа ја потресе Македонија. Во 22 часот и 40 минути на крстосницата од улиците „Маршал Тито“ и „Ванчо Прќе“ во Штип се случила сообраќајна незгода во која возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки управувано од страна на 27-годишниот И.Т. од Прилеп, удрило во женско лице кое во безсознаие било пренесено во Клиниката воШтип.

На жената и е констатирана скршеница на втор пршлен и за жал се бори за живот.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа на полицијата.