Македонија
26. October 2024 - 16:57

Мицкоски: Бугарскиот парламент да го ратификува пристапниот договор па потоа уставни измени

Премиерот Мицкоски не отстапува – уставните измени ќе се случат само со одложено дејство и тогаш кога бугарскиот Парламент ќе го рафитикува Пристапниот договор на нашата земја во рамките на Европската унија.И покрај пораките за поддршка од страна шефицата на ЕК Урсула Фон Дер Лајен, премиерот истакнува дека менување на Уставот може да се случи само под македонски услови,  ултиматуми и диктати нема да прифаќа.

По испратените пораки со европските тешкаши и бројните средби, Мицкоски вели дека беспредметно е сега да се испраќа писмо до Брисел. Нуди можност за дијалог со нова бугарска влада по утрешните избори. За него поприфатливо е власта да ја превземе сестринската ГЕРБ, на Бојко Борисов. 

Брисел пак вети помош за Македонија во завршување на обврските со уставните измени. Фон дер Лајен најави дека проширувањето ќе остане висок приоритет на Унијата во следните 5 години.