Македонија
26. October 2024 - 16:54

Ситуацијата кај Буково алармантна

Итно  решавање на проблемот со нестандардните депонии Буково и Мауцкер бараат од групацијата „Збогум Буково“ која е составена од 20-тина граѓански организации, пет месни заедници од општина Охрид и голем број загрижени граѓани.Ситуацијата велат е аларманта, токсичниот чад се шири до градот и околните населби.

Невладините бараат Охрид и општините од Југозападниот плански регион најитно да се договорат и вклучат во регионалниот систем за управување со отпад – да се надминат сите административни бариери и да се отвори регионалната депонија во Новаци, со цел да се заштити здравјето на над 50.000 граѓани на Општината. 

Според препораките на УНЕСКО, депонијата „Буково“ требаше да се затвори до 2020 година, сепак, регионална депонија за Југозападен плански регион нема, а проблемот со загадување  сеуште е присутен.