Стејт Департментот честиташе на изборите во Македонија
Американскиот Стејт Департмент го поздрави одржувањето на изборите во Македонија како важен прв чекор за излегување од политичката криза. Портпаролот на Стејт Департмент Џон Кирби ги повика партиите што ќе ја формираат идната Влада да работат конструктивно и со опозицијата, на спроведувањето реформи кои се значајни за евро-атланската интеграција.
- Им честитаме на македонските граѓани кои го искористија своето право на глас на парламентарните избори на 11 декември. Исто така, ги поздравуваме првичните заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР дека изборите биле конкурентни и дека фундаменталните слободи беа генерално почитувани. Одѕивот беше висок, а изборите беа спроведени на мирен и уреден начин, со неколку случаи на процедурални нерегуларности. Се приклучуваме кон загриженоста на овие две организации околу административната подготвеност за изборите и ја охрабруваме идната влада да продолжи да работи на градење на капацитетот во Државната изборна комисија и да се разрешат структурните и правните прашања во врска со гласачките списоци. Сметаме дека овие избори се важен прв чекор за Македонија да излезе од политичката криза. Ги охрабруваме партиите што ќе ја формираат новата влада да работат конструктивно со опозицијата за спроведување на реформи кои ќе ја унапредат евроатланската интеграција, особено во областа на владеењето на правото. Сакам да ги уверам граѓаните на Македонија дека ќе имаат партнер во Соединетите Американски Држави при овие напори, изјави Кирби на редовната прес конференција во Стејт Департментот.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси
-
Нови детали од тешката сообраќајна несреќа во Србија - Загина петчленото семејство
-
Тежок судир воено и цивилно возило во Србија, две лица загинати
-
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
-
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
-
Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар
-
Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода
-
Најмалку 13 цивили загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа