-->
-->
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-->
Според последните информации на „Скај њуз“, постигнат е договор за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел. Ова го потврдил претставник на Хамас и уште еден висок функционер.
Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани се сретна со преговарачите на Хамас во неговата канцеларија за конечен договор.
Договорот вклучува првичен шестнеделен прекин на огнот, постепено повлекување на израелските сили, ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас и ослободување на палестинските затвореници кои ги држеше Израел, изјави за „Ројтерс“ официјален претставник запознаен со преговорите.
Имплементацијата на договорот за прекин на огнот може да потрае и до 48 часа, изјави воениот аналитичар Мајкл Кларк за „Скај њуз“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом