Стартуваа три мерки за подобрување на конкурентноста на деловните субјекти
Активни се три мерки за подобрување на конкурентноста на деловните субјекти од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, информираат од Министерството за економија.
Оттаму посочуваат дека на 8 февруари годинава се објавени три јавни повици на нивната веб-страница www.economy.gov.mk.
-Првиот јавен повик е за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар, вториот за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Македонија за 2019 година, а третиот за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Македонија за 2019 година, прецизираат од Министерството.
Сите трговски друштва и здруженија заинтересирани за јавните повици повеќе информации за условите за аплицирање, потребните документи за аплицирање, висината на надоместување на трошоците и рокот за доставување на барањата можат да најдат на веб-страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред