ССМ: Недела останува неработен ден, Уставниот суд – заштитник на работниците
– Уставниот суд застана на страната на вистината и правдата и не ја прифати иницијативата на Стопанската комора, односно го потврди ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија и ги остави на сила одредбите од законските решенија со кои недела е неработен ден за најголем број на работници и на тој начин придонесе за зацврстување на правниот поредок и правната сигурност на работниците и граѓаните во државата, се вели во сопштението од Синдикатот по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела.
Уште една битка е добиена, велат од ССМ, но ние продолжуваме натаму, наша правна водилка во обезбедувањето на работничките права се националните закони, меѓународните трудови стандарди и европски документи без, како што нагласуваат, кои не се можни евроинтеграциските процеси во државата.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски