Македонија
30. November 2024 - 16:36

Иновативниот пристап препознат кај водичите

Да се изградат стандарди и да се создадат услови за препознавање на професијата туристички водич.

Подобри стандарди и услови за препознавање на професијата, нерегулиран работен стаж и нелојалната конкуренција се само дел од проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи .Како што велат најголемиот удар за егзистенција оваа професија ја доживува за време на корона вирусот кога голем дел од нив ја промениле професијата станале диспечери се вработиле во фабрики а дел од нив од локални станале пратители во меѓународни рамки.

Иновативниот пристап е секогаш препознат и се е цени повисоко од клиентите , туристичките агенции и тур операторите и тоа е разликата помеѓу квалитетен туристички водич кој се надоградува и оној кој само ја извршува својата дејност.

Во Македонија има околу 1300 регистрирани туристички водичи од нив зависи какви впечатоци ќе понесат со себе странските гости во земјата. Истражувањата на терен говорат дека најголем дел од оние што се враќаат во земајата добиле квалитетна тура и податоци за историјата, културата и убавините што ги поседува.