Балкан
29. September 2020 - 8:51

Српскиот министер за надворешни работи бара отворање на прашањето за двојно државјанство со Црна Гора

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ смета дека ќе биде тешко да се одложи пописот на населението во Црна Гора и смета дека е важно да се отвори прашањето за двојно државјанство со Црна Гора.

– Не е коректно двата братски народа да немаат двојно државјанство, единственото двојно државјанство кое Црна Гора го нема е со Северна Македонија. Ова прашање е политизирано, рече Дачиќ, истакнувајќи дека Србија нема да инсистира на тоа.

Дачиќ повтори дека не е добро претставниците на новата црногорска власт лесно да даваат некои изјави за Србија и претседателот Александар Вучиќ, кој наводно бил на страната на Мило Ѓукановиќ.

– Србија нема интерес да има каква било хегемонија над Црна Гора, но имаме интерес да имаме добри односи со братската држава и братскиот народ, рече Дачиќ синоќа во емисијата Кирилица на телевизијата Хепи.

На забелешката дека победниците на парламентарните избори во Црна Гора се жалат дека никој не им честитал од Белград, Дачиќ вели дека има време за честитки и дека влада сè уште не е избрана.