Средба Лавров-Чавушоглу во Белград
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров, на маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ во Белград, соопшти претставник на Министерството за надворешни работи на Турција.
Неименуваниот претставник на турското Министерство изјави дека средбата на министрите за надоврешни работи на Русија и Турција е планирана за попладнево.
Тоа ќе биде прва средба на претставници од двете земји, откако минатата недела турските сили соборија руски воен авион.
Лавров синоќа на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по пристугнувањето во Белград рече дека е подготвен во рамките на Министерскиот совет на ОБСЕ да се сретне со својот турски колега, но додаде и дека би било тажно ако не слушне ништо ново од него.
- Сакам да го разјасниме турскиот став, бидејќи тие инсистираат на состанок и да слушнам што Турците сакаат да кажат , покрај она што го кажаа јавно. Ќе биде тажно ако нема ништо ново, рече Лавров.
Турција минатиот вторник на границата со Сирија собори руски воен авион. Тоа бепе прв пат по половина век една членка на НАТО да собори руски авион, што предизвика остри реакции од Москва.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат