-->
-->
Средба Ахмети-Бјорнстад
-->
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска на средба со амбасадорот на Норвешка во Македонија, Арне Санес Бјорнстад, на која, како што соопшти ДУИ, се разговарало за политичката ситуација во државава и напорите да се заврши конститутивната седница на Собранието и изборот на новата влада.
Ахмети, според соопштението, истакнал дека главните парламентарни партии мора веднаш да почнат дијалог за продолжување на конститутивната собраниска седница што ќе резултира со избор на претседателот на Парламентот и ќе се деблокира оваа значајна институција.
- ДУИ ќе го даде својот конструктивен придонес во овој поглед и ги поддржува сите напори кон решавање на кризата, се вели во соопштението.
Ахмети, како што соопштува ДУИ, нагласил и дека политичката и институционалната криза во никој случај не треба се претворат во меѓуетничка криза, а политичките партии во државава треба да го дадат својот придонес во таа насока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меџити во посета на депонијата Дрисла
-
Вработените во „Царинскиот терминал“ денеска излегоа на предупредувачки штрајк
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата