Спречен обид за криумчарење на два тона фалсификат прашак за перење штетен по здравјето на граѓаните и животната средина

Царински службеници од ЦИ Тетово спречиле обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Како што информираат од Царинската управа, станува збор за 2000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашак за перење алишта со трговска марка Ариел која ги повредува правата од интелектуална сопственост.
- Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа известен е правниот застапник на носителот на правото кој потврди дека предметниот прашак Ариел е фалсификат и со тоа ги повредува правата од интелектуална сопственост заради што е согласен за уништување на стоката, се наведува во соопштението.
Посочуваат дека против сторителот по спроведување на постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Секојдневните заложби на царинските службеници во сузбивање на нелегалната трговија и шверцот е многу важно со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување криумчарење на производи коишто се штетни за здравјето на граѓаните, како и заштита на животната средина од загадување предизвикано од неконтролиран хемиски состав, посочуваат од Царинската управа.
МИА
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
