Македонија
5. August 2022 - 11:11

СПМ: На патот кон ЕУ, според протоколот, Бугарија добива можност за ставање на други 35 вета

Социјалистичката Партија на Македонија благовремено укажа дека со прифаќање на таканаречениот француско-бугарски предлог Македонија нема да ги отпочне преговорите со ЕУ, односно тие ќе следат по измените на Уставот.

Онака како што тоа го бара Бугарија, со што македонските граѓани ќе се уверат во лажниот реципроцитет кој го прокламираше власта.

Имено, власта ќе предложи промена на Уставот, за возврат од Бугарија нема да се добие ништо, а македонското малцинство нема да биде соддржано во нивниот Устав.

Со наводнотонотпочнување на преговорите билатералниот спор и де факто станува европски проблем.

Но, со тоа нема да завршат понижувањата на Македонија.

На патот кон ЕУ, според Протоколот, ќе се соочуваме со безброј вета, односно за сметка на симнување на едно вето, Бугарија добива можност за ставање на други 35 вета.

Со тоа Македонија ќе биде континуирано понижувана, а крајната цел нема да биде влез во ЕУ, туку асимилација на македонскиот народ.

Тоа секому му јасно, дури и на какистократската Влада.

Затоа, не изненадуваат најавите дека Уставните изјави ќе бидат предлог на приземното „поданичко мнозинство“ во Собранието на Македонија.

Уште еднаш Владата ќе се затскрие зад Собранието.

Како што апатридните пратеници гласаа за срамните заклучоци, така сега ќе предложат и ќе се обидат да ги истуркаат понижувачките измени на Уставот за кои се потребни 2/3 мнозинство.

Како најстара политичка партија, Социјалистичка партија на Македонија чувствува историска одговорност да застане во одбрана на македонскиот народ и жестоко да се спротивстави на задоволањето на хегемонистичките барања на Бугарија.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оваа недемократска, однародена и нелегитимна Влада воопшто не бира методи за најразлични форми на притисок за да ја постигне целта за зачувување на узурпираната власт и за разнебитување на Македонската држава.

Социјалистичката Партија на Македонија ја уверува македонската јавност во истрајност на опозицијата и неприфаќањето на Уставни измени

Асимилација недозволуваме!

Ние, заедно со македонскиот народ, ќе извојуваме уште една победа и ќе ја сочуваме македонската сувереност, достоинство и чест!

Социјалистичка партија на Македонија