-->
-->
Состанок на Советот за безбедност на ОН за Судан
-->
– Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за денеска закажа итен состанок за државниот удар во Судан. Дипломатски извори доцна синоќа објавија дека консултации побарале САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Естонија.
Средбата е закажана за 16 часот по локално време.
Суданската армија вчера ја презеде власта во земјата, го уапси премиерот и неколку министри и ја распушти преодната влада.
Илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против државниот удар. Армијата отвори оган врз демонстрантите при што загинаа две лица, а 80 беа повредени
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит