Сообраќајната бучава во Скопје и во Битола над дозволеното ниво
Техничкиот факултет-Битола и Институтот за комуникациски студии-Скопје, денеска презентираа мерки за редукција и контрола на бучавата предизвикна од патниот сообраќај во Скопје и во Битола.
Мерењата на бучава на неколку локации во Скопје и во Битола, истакнаа професори од Технички факултет-Битола, покажале дека таа е над дозволениот максимум и предизвикува штети врз квалитетот на урбаниот живот.
– Бучавата е проблем во урбаните средини, но за жал овој проблем недоволно го свртува вниманието на јавноста, наспроти вниманието околу загадувањето на воздухот со ПМ-честичките или други загадувачи. Извршивме мерења во Битола на фрекфентни места во градот и во Скопје каде бучава се мереше на две локации и тоа во непосредна близина на основно училиште „Војдан Чернодрински“-Скопје, лоцирано на улица „Дрезденска“ и Педагошки факултет, а втората локација беше во строгиот центар на градот кај Градска болница „Наум Охридски“-Скопје. На мерените локации, во одредени термини од денот и неконтинуирано, бучавата надминува и над 105 децибели, а потоа се намалува. Максималните вредности се над дозволените граници, а единствено мирно и тивко е во раните утрински часови, истакна Никола Крстановски, професор на отсекот за сообраќај и транспорт на Технички факултет-Битола.
Професорите од Технички факултет-Битола предупредија дека бучавата посебно штетно дејствува кога се појавува во близина на чувствителни објекти како што се училишта, болници, станбени населби и домови за стари лица.
– Состојбата со загадување предизвикана од бучава предизвикана од патниот сообраќај е сериозна во урбаните места, и потребно е да се изберат и предложат мерки кои ќе помогнат за справување, намалување и редукција на бучавата. За Битола и Скопје може да се изберат решенија согласно спецификите на локациите и затоа препорачуваме подигнати печашки премини, зони на смирен сообраќај со ограничена брзина на движење до 30 километри на час, пренасочување на товарниот сообраќај. Само една мерка неможе да даде резултат и затоа потребни се комбинација од мерки бидејќи во сите мерни места бучавата е над дозволеното ниво, а тоа го намалува квалитетот на урбаниот живот, а има и негативни здравствени нарушувања кај луѓето, посочи професорката Бети Анѓелеска, исто така од Технички факултет-Битола.
Информативниот настанот беше организиран во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај, реагирај!“ која ја реализира Институтот за комуникациски студии-Скопје во партнерство со повеќе македонски факултети и граѓански организации, чија цел е да се лоцираат проблеми во животната средина, да се посочат на јавните институции и да се понудат решенија, соопшти Дејан Андонов од ИКС-Скопје.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек