Македонија
5. August 2021 - 8:17

Сончево и многу топло, попладне и во текот ноќта локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер над 80 километри на час и услови за појава на град.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северозападен правец. Потоа следува период на стабилно време. Утре и в сабота, дневните температури ќе бидат за 4 до 5 степени пониски од денешните, а од недела се очекува благ пораст на дневните температури.