Македонија
15. November 2024 - 16:33

Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци

За дозвола за поседување оружје ќе мора да се аплицира елетронски преку системот е услуги. На овој начин и сите оние кои претходно веќе поднеле барање а се уште не добиле одговор од МВР ќе мора да поднесат нова апликација. Ова следи откако министерот објави дека се отпуштени 15 високи полициски службеници поради злоупотреби при издавањето дозволи.

СДСМ го обвини Тошковски дека врши притисок врз професионалците во МВР. Спасовски како поранешен министер смета дека ова е обид за дефокусирање од актуелните случаи на криминални пресметки.

И ДУИ сметаат дека власта  прави институционално чистење по етничка основа. Интегративците сметаат дека овој оркестриран напор не е само навреда за Албанците - тоа е напад врз самите структури на државата.Им порачаа на службениците дека не се сами зад нив стои ДУИ.

Вработените Албанци, кои ја докажаа својата лојалност кон институциите и граѓаните на оваа држава, се деградирани и неправедно отстранети од нивните работни задачи.

Оваа кампања е предупредувачки сигнал за една поширока агенда, која има за цел да ги урива принципите на еднаквост и мултиетничка хармонија, кои се темелите на Охридскиот договор.

Премиерот смета дека секој што го прекршил законот без разлика на кој етникум припаѓа треба да одговора. За обвинувањата кои доаѓаат од партијата вели да не се придава значење бидејќи тоа го прават за се заштитат себеси од одговорност. 

За случајот со нелегалното издавање дозволи за оружје ќе има и кривични пријави најави министерот за внатрешни. Новиот елекронски систем кој го промовираше заедно со министерот за информатика ќе спречи секаков вид корупција во постапувањето.