Македонија
15. November 2024 - 12:39
Нов електронски систем за дозволи за оружје
Сите оние кои сакаат да извадат дозвола за поседување на оружје ќе мора да аплицираат преку електронскиот систем е услуги кој од денеска е ставен во функција. Обврската важи и за тие кои претходно поднеле барање за дозвола а се уште не добиле одговор од МВР.
Ваквиот чекор следи откако МВР отпушти 15 високи полициски службеници поради наводни злоупотреби во оваа постапка. Министерот Тошковски вчера во Тема на денот објави дека поранешните структури во МВР го злоупотребувале овој систем и граѓаните и рече дека ќе следуваат кривични пријави.
-->
-->