Со потврда од лекар специјалист хронично болните треба да бидат ослободени од работа
Со приложена потврда од лекар специјалист граѓаните со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 1, малигни заболувања и имуно-компромитирачки состојби треба да бидат ослободени од работа, согласно препораките од Владата за спречување на ширеењето на коронавирусот. Ова денеска на состанок го утврди Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а донесените заклучоци ги достави до Владата.
Ова задолжение ќе биде дистрибуирано до сите органи на државната управа, јавни претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, единици на локална самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и стопанските комори, се наведува во заклучоците.
Комисијата препорачува: да се смета за оправдано патување во странство само патувањето од здравствени причини (во високо или средно ризична земја), што би го оправдало отсуството од 14 дена заради самоизолација, на сите вработени во здравствениот сектор да им се забрани патување во земјите од висок и среден ризик од приватни причини, Институтот за јавно здравје да изготви текст – порака за медиуми во однос на почитување на препораките против коронавирус, што ќе биде доставена до Министерството за здравство за натамошно процесуирање, телефонскиот број на „Ало докторе“ од флаерот да се пренамени во call – центар што ќе дава информации во врска со заразната болест и алгоритмот за постапување на пациенти сомнителни на вирусот да важи и за педијатриските пациенти, стои во заклучоците.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!