Со нож избоден гувернерот на рускиот арктички регион Мурманск
Непознат напаѓач го избодел со нож гувернерот на руската арктичка област Мурманск, ранувајќи го во стомакот, откако тој одржал состанок со жителите на регионот во четвртокот, објавија руските агенции, повикувајќи се на прес-службата на гувернерот.
Како што е наведено, мажот му се обратил на гувернерот Андреј Чибис додека заминувал од состанокот во локалната градска куќа Апатитија, јужно од северното пристаниште Мурманск.
„Имаше вооружен напад и тој се здоби со рана со нож во пределот на стомакот. Напаѓачот е приведен. Гувернерот моментално е на операција.
Тој е свесен и самиот стигнал до својот автомобил“, соопшти прес-службата на гувернерот. Нема информации за можниот мотив за нападот.
Вооружен напад врз јавен службеник е релативно ретка појава во Русија, особено во арктичкиот регион како Мурманск, на околу 1. 500 километри северно од Москва.
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката