Македонија
30. July 2024 - 20:18

Со нови вработувања Владата ќе ги искористува ИПА фондовите

Итно се потребни нови вработувања во министерствата и општините кои ќе работат во ИПА структурите за да може да се искористат парите кои ги добиваме од Европската Унија. Во последните две години 79 милиони евра биле неискористени и вратени во буетот на ЕУ зошто има необучен кадар во Македонија, смета министерот за европски прашања.

Претстои закана дека до крајов на годинава ќе изгубиме уште дополнителни 43 милиони евра.

За да не пропаднат и оние 750 милиони кои ќе ги добиеме од Европската Унија, според министерот мора да се појачаат со кадар сите институции кои работат со ЕУ фондовите. Професионален кадар ќе се бара на пазарот, но за колку нови вработувања станува збор, министерот не соопшти.

Планот за приоритизација на вработувања во ИПА структурите  ќе го претстави на владина седница. Според Муртезани, поразителни се финансиските анализи, бидејќи Македонија зема заеми, а не ги искористува парите за капитални инвестиции од Еу фондовите, им истекува рокот и ги враќаме во буџетот на Европската Унија.