Случајот со смртта на родилката го презема обвинителството, од болницата направиле се за да ја спасат
Според директорот на болницата во Прилеп, Петар Ристевски, навреме биле преземени сите потребни мерки за да се спаси животот на 21-годишната родилка која почина во оваа болница ноќеска. Во третманот биле ангажирани четворица гинеколози, двајца анестезилози, а подоцна се вклучил и уролог.
- Жената е примена на гинеколошкото одделение во 10 часот и се породила во 13.45 минути. Во добра општа состојба е префрлена на одделение, но околу 19.15 минути се пожалила на болки и состојбата и се влошила. Преземени се сите мерки и направено е сѐ што треба според медицинските протоколи во третманот на пациентката, но сепак во 01.50 часот е констатирана смрт - вели Ристевски.
Кои се причините поради кои настапила смрт, тој вели дека не може да каже, ниту пак дали на телото ќе се прави обдукција. За овие одговори упатува на надлежното обвинителство кое понатаму ќе го води случајот.
Инаку родилката родила здраво машко бебе тешко 3.170 килограми.
Ново на Сител
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот