Свет
17. October 2018 - 8:31

Скот: Политиката на САД во врска со Косово не е новост

Свесен сум дека Косово е чувствителна тема, но политиката на САД во врска со тоа не е новост, изјави американскиот амбасадор во Србија Кајл Скот.

-Фокусот треба да остане на барање на сеопфатно решение и двете страни имаат наша поддршка во тоа. Севен сум дека ова е чувствителна тема, но политиката на САД во врска со Косово не е новост, напиша Скот на Твитер.

Изјавата на Кајл Скот дека Косово е суверена, а не таканаречена држава. ја критикуваа највисоките српски државни претставници.