Македонија
20. December 2023 - 11:52

Скопје повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот


Скопје денеска се најде на 6. место во светот според нивото на загаденост на воздухот, покажува интернет страница Ервижуал (AirVisual) која прибира податоци од целиот свет.

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево е на прво место, покажува табелата на страницата.

Индексот на загаденост моментно е 165, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.

Скопје и Сараево имаат слични климатски неповолности бидејќи се наоѓаат во котлини во кои, при определени временски услови, нема провертрување, има магливост, а загадувањето од индустријата, сообраќајот и загревањето на домовите останува во воздухот.