Македонија
2. February 2024 - 18:06

Скопје: Почина 19-годишно момче од Турција

Вчера во 14.30 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, е пријавено дека околу 12.40 часот починал О.Ј.(19) од Република Турција, со престој во Скопје, кој околу 10.15 часот бил примен кај нив во тешка здравствена состојба, соопшти полицијата.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.