Производството на тутун помало од очекуваното поради неповолните временски прилики
Поради неповолните временски услови годинава се намалиле очекуваните количини на тутунот, но за разлика на тоа тутунот добил пак на квалитет. На ниво на држава откупувачите имале склучено околу 14.000 договори и побаруваат 26 милиони килограми, но според тутунарите во Македонија има само 17 милиони килограми, односно за 30% повеќе од лани кога се откупија околу 14 милиони 700 кг. на тутун. Лани просечната цена беше 365 денари по килограм, а годинава тутунарите бараат таа да бисе повисока.
„И во понеделник имаме средба со министерот за земјоделство кој е добар познавач на теренот и на тутунот и мислиме дека ќе најдиме на разбирање за да договориме повисока цена. Се со цел да се задржи производството на тутунот и да ги задржиме младите да го работат. Затоа што статистиката зборува дека тутунот го работат луѓе над 55 годишна возраст, младите за жал ги нема, а овие постари луѓе нема да ја задржат оваа гранка ако продолжи вака“, рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.
Моменталните цени договорите се прва класа 375 денари, втора класа 300 денари и третата класа 260 денари.
„Сега со промените на времето се зголеми таа количина на тутун, инаку ние очекувавме дека ќе има дури и помалку од лани. Но сега во сите општини има зголемување за 20 до 30%. Но нема некое драстично. Тутунарите не се задоволни со моменталната цена, исто и ние не сме задоволни и се надеваме дека ќе постигнеме цена што ќе одговара за сите“, додаде Јусуф Ибраими, тутунар од долненско село Житоше.
Годинава има пријавено 10 откупувачи како и најава за зголемување на бројот на откупните ваги. Но дали тутунарите ќе го добијат бараното зголемување ќе се знае во периодот кој следува.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар